Најмалку 10 лица загинаа денеска при експлозија на камион-бомба во градот Беледвејне, во Сомалија, соопшти локалната полиција.
Не е објавено кој го извршил нападот, но се претпоставува дека станува збор за исламистичката група Ал Шабаб, која често изведува бомбашки напади во Сомалија.
„Досега имам видено 10 мртви луѓе, меѓу кои војници и цивили, и повеќе од 10 повредени. Бројот на загинати сигурно ќе се зголеми“, изјави еден полицаецот.