Директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски вечерва информира дека денеска казнети и затворени се повеќе ланци на големи маркети во скопските населби Кисела вода, Тафталиџе, Чаир, Бутел, како и во Струга.
„Во повеќе наврати напоменав дека секој мора да ги почитува законите и Одуките на Владата, објави на својот ФБ профил директорот на ДПИ, Горан Трајковски.
Исто така, нема да дозволам никој да ги манипулира и доведува во заблуда граѓаните – потрошувачите!
Апелирам, до сите трговци, дека нема да има компромис ниту селекција во постапувањето на пазарниот инспекторат, кога е во прашање интересот на граѓаните, порача Трајковски.