Познатиот спортист и колумбиска велосипедска ѕвезда Мигел Анхел Лопез бил киднапиран, а киднаперите му зеле 750.000 евра.
Лопез моментално е под суспензија поради потенцијално прекршување на антидопинг правилата, а минатата година беше осомничен и за шверц на дрога.
Како што пишува британски „Дејли мејл“, Лопез го држеле киднаперите на фармата што ја поседува.
Покрај веќе споменатите пари, киднаперите му го украле автомобилот, но и мобилниот телефон.
Откако бил пуштен, Колумбиецот отишол во најблиската полициска станица и го пријавил инцидентот кој се случил во четвртокот.