Денеска во периодот од 10.00 до 14.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција- Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на ОВР Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 72 возачи, од кои 34 за возење без возачка дозвола, 5 возачи под дејство на алкохол, 5 возачи кои управуваат моторцикли без заштитен шлем, 2 возачи кои управуваат моторни возила со несоодветна категорија дозвола, 3 моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, 4 за непрописно вградени фолии (затемнети стакла) , 2 за неисправност кај товарни возила кои вршат превоз на определени стоки, 1 возач кој што врши јавен превоз на патници а притоа не поседува валидно лекарско уверение.
Изготвено е и 1 барања за поведување на прекршочна постапка на правни и одговорни лица.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.