Најмалку 30 лица се повредени во железничка несреќа што денеска се случи во Пакистан, соопштија локалните власти.
Петмина од повредените се во тешка состојба.
Железничката несреќа се случила рано наутро во источен Пакистан. Патнички воз кој сообраќал од градот Мјанвали кон Лахор се судрил со товарен воз кој стоел. Причината за несреќата веројатно е човечка грешка.
Транспортните власти ги суспендираа машиновозачот на патничкиот воз, неговиот помошник и двајца вработени во контрола поради невнимание.