Косовската полиција соопшти дека, според досегашните информации, убиен е еден од напаѓачите кои се судрија со нејзините припадници во селото Бањско на северот од земјата, каде рано утрово загина припадник на безбедносните сили и еден беше ранет.
Косовската полиција на својот официјален профил на Фејсбук објави дека ситуацијата на северот во Косово, во селото Бањско, се уште е тензична и дека, како што се наведува, криминални групи одвреме-навреме со огнено оружје ги напаѓаат полициските единици на терен.
„Полициските единици, согласно ситуацијата и опасноста од спорадични напади на криминални групи, во одбрана на себе и на граѓаните од областа, беа принудени да реагираат на криминални групи, каде според досегашните информации, еден од напаѓачите се убиени“, се вели во соопштението.