Светот е обединет во тврдењето дека косовскиот премиер Албин Курти еднострано прави проблеми на Балканот. изјави поранешниот американски претставник за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел.
Тој на платформата Х (Твитер) напиша дека е време претседателката на приштинските институции, Вјоса Османи, да одлучи дали е со Курти или со меѓународната заедница.
Нејзиниот молк за одржување на нови избори и формирање на ЗСО значи дека таа е дел од проблемот заедно со Курти, оцени Гренел.