Најтешко погоден регион од вчерашното невреме во Србија е подрачјето на Срем, каде 11.000 домаќинства се уште се без струја. Во Шид се испратени генератори, бидејќи дел од територијата на таа општина остана без струја поради откорнати далноводи.
На граничните премини Батровци и Шид на излез од Србија кон Хрватска сообраќајот за камиони и товарни возила се одвива отежнато, а поради неможност за шпедиција, целиот товарен сообраќај на влез во Србија ќе биде во прекин до отстранување на дефектите на далноводите и додека не се врати нормалното снабдување со електрична енергија, соопшти МВР на Србија.
За ова се известени хрватските гранични власти кои товарниот сообраќај од Република Хрватска кон Република Србија ќе го пренасочат кон алтернативните гранични премини Бачка Паланка, Богојево и Бездан, се наведува во соопштението.
Најмногу дожд наврна на територијата на Нови Сад, Лозница, Сомбор, Сремска Митровица и Кикинда, а најмногу има во Шид каде 11.000 домаќинства се без струја поради исклучување на далноводи оштетени од невремето.