Специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак дошол на Косово, објавија извори на порталот Дукаџини.
Од утрово на северот на Косово е тензично, а специјалците на косовската полиција се концентрирани на влезот во селото Бањска.
Косовската полиција соопшти дека ноќеска во 2 часот и 34 минути од страна на единицата за брза интервенција на влезот во Бањска забележале два камиони без регистарски таблички, а влезот во ова село преку мостот бил блокиран.
Кога на ова место пристигнале единиците од станицата Звечан, како што навеле, „наишле на отпор“, па биле застрелани двајца полицајци, а еден им подлегнал на повредите.