Лидерот во италијанската фудбалска Сериа А, Интер продолжува со максимален ефект и по петтото коло, во кое како гостин го совлада фенерџијата Емполи (1:0), со спектакуларниот погодок на Федерико Димарко.
Италијанскиот репрезентативец Димарко постигна гол со прекрасен волеј кој го зафати после одбиена топка по корнер на Интер, во 51 минута.
Интер сега има 15 бода и гол-разлика 14:1, два бода пред градскиот ривал Милан, а четири пред изненадувањето на стартот на сезоната Лече. Емполи остана последен без освоен бод и без даден гол и по 450 минути во новата сезона во калчолигашката елита.