Карло Анчелоти ја презеде вината за поразот на Реал Мадрид синоќа од Атлетико Мадрид.
Реал загуби од Атлетико Мадрид со 1:3 во дерби натпреварот од 6. коло на Ла Лига, при што за 18 минути прими два гола. Ова е прв пораз на тимот оваа сезона по шест победи.
– Можев подобро, тоа е очигледно. Кога тимот не го прави она што треба, тоа е моја одговорност. Но, тешкотиите ги прифаќам стоечки, нема проблеми. Веќе размислувам за следниот натпревар. Не одигравме многу добро на овој натпревар. Но, поентата не е во резултатот. Овој неуспех може да биде можност да се направи нешто подобро во иднина. Вознемирени сме и лути, но досега многу добро се снајдовме. Така ќе продолжи, изјави тренерот на Реал Мадрид.
Следниот натпревар Реал Мадрид го игра на 27 септември на домашен терен против Лас Палмас.