Земјотрес со јачина од 3,6 степени по Рихтер вечерва го погоди градот Ксилокастро во Грција. Епицентрот на потресот бил 15 километри североисточно од Ксилокастро.
Потресот е почувствуван и во областа на Атика. Според првичните информации не е познато дали има материјална штета и повредени.