САД острo ги осудија насилните напади врз полицијата на Косово, повикаа на воздржаност од Белград и Приштина  

САД најостро ги осудуваат вчерашните „координирани“ насилни напади врз полицијата на Косово во близина на манастирот Бањска и изразуваат длабоко сочувство до семејството на косовскиот полицаец убиен за време на служба. 

Како што изјави државниот секретар Ентоно Блинкен денеска, „сторителите на ова злосторство мора да бидат повикани на одговорност преку транспарентет процес“. 

-Ги повикуваме властите на Косово и Србја да се воздржат од секакви акции и реторика кои можат и понатаму да ги разгорат тензиите и веднаш да пристапат кон координација со меѓународните партнери да се деескалира ситуацијата, да се обезбеди сигурност и владеење на правото и да се вратат на дијалогот со посредство на ЕУ, изјави тој. 

Од САД укажуваат дека косовската полција е целосно одговорна за спроведување на законот во Република Косово. 

Оттаму високо ја оценуваат тесната координација на косовската полиција со мисијата на ЕУ за владеење на правото и со силите на НАТО, посебно во обезбедување сигурност за цивилите.  

САД продлжуваат да го следат текот на настаните и се координираат со сите вклучени страни, се посочува во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави