Косовската полиција заплени голем арсенал оружје на терористичката група која во неделата нападна припадници на косовската полиција во селото Бањско во Звечан, каде беше убиен полицаецот Африм Буњаку.
Во бројки полицијата вчера запленила 1 тежок блиндиран автомобил, 24 други автомобили и 2 мотоцикли 4×4.
Најголем број оружје се експлозиви, 150 парчиња експлозив, динамит, 23 електрични детонатори, близу 20 пригушувачи за АК47 и над 230 магацин за АК47.
Покрај оружјето, пронашле и други алатки за работа, шипки, лопати, копачи и рачни пили – околу 50.
Оваа бројка, која досега е пронајдена, во меѓувреме може да се зголеми додека не се избројат и предметите пронајдени денес. Со ова оружје можат да се опремат стотина луѓе.
Други пронајдени предмети:
4 безбедносни камери, 3 дронови, 30 пушки АК47, 6 митралези, 29 наполнети патрони, 21 панцир 32 радија и 150 воени униформи.
Министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла на прес-конференција потврди дека еден од запленетите автомобили Мерцедес Бенз Г класа, со натпис „КФОР“ е на потпретседателот на Српската листа, Милан Радојичиќ, по кого трага косовската полиција.