Од 1 октомври, ЈП „Водовод и канализација“ ќе добие нов директор. На местото на досегашниот прв човек Драган Илиевски ќе седне актуелниот генерален секретар на Град Скопје и десна рака на Данела Арсовска, Зоран Глигоров, пренесува „Фокус“.
Според првичните информации, и во самата институција веќе на големо се зборува за неговото доаѓање, односно остануваат уште неколку денови за да ја заземе директорската позиција.
Во моментот со ова претпријате управува Драган Илиевски, кој пак претходно неколку месеци беше на чело на Зоолошката градина, која исто така сега има трет директор.