Груевски успеа да обезбеди вклучување во Инфомакс, по неуспешното вклучување во Алфа?!

Порталот Инфомакс објави дека вечерва на нивните канали ќе следува вклучување во живо од екс премиерот во бегство во Будимпешта, Никола Груевски.

Поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски неколку денови води вистинска вербална војна со сегашниот претседател на партијата Христијан Мицкоски, па се очекува таа засилена реторика да продолжи и вечерва.

Инаку, претходно се појавија информации дека Груевски направил обид да се вклучи во живо во програмата на ТВ Алфа, но таквите наводи беа демантирани од страна на телевизијата.

Треба да знаете
Последни објави