Маричиќ: ВМРО-ДПМНЕ е во комуникација со структури во Бугарија за блокирање на европската интеграција на земјава

„Јас сум убеден дека во ВМРО-ДПМНЕ има пратеници и луѓе кој што ќе и ја разбираат тежината на ситуацијата, разбираат дека ставањето на својата држава под заложништво, политичко заложништво наводството на ВМРО-ДПМНЕ ќе значи одвојување од Албанија на среден рок ако не на краток тогаш на среден рок, ставање на Северна Македонија во категорија со Косово и Босна и Херцеговина и дури можеби и на долг рок ставање под прашање на нашата реална можност за Европска интеграција“ рече вицепремиерот Бојан Маричиќ во интервју за „360 степени“.

Тој додаде дека можеби токму и тоа е планот на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи има шпекулации дека намерно го прават ова за да отворат пат за други држави и да си отворат пат за себеси да јаваат на бранот на популизмот.

„Јас сум убеден дека постои комуникација на ВМРО-ДПМНЕ со структури во Бугарија и со структури во другите држави од регионот а која е целта на таа комуникација нека објаснат самите“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека тој нема дилеми дека ВМРО-ДПМНЕ разговара со политички структури во Бугарија и со политички структури од други држави во регионот.

Треба да знаете
Последни објави