Мотивот за двојното убиство во Гевгелија нарушени меѓусебни односи и банална расаправија меѓу браќата

Според првичните информации од Јавното обвинителство мотив за двојното убиство во Гевгелија се нарушени меѓусебни односи на двајцата браќа кои кулминирале заради банална расправија во врска со работи на заедничката куќа.

Ова денеска го соопштија од Јавното обвинителство на РСМ, од каде информираа дека јавен обвинител од ОЈО Гевгелија извршил увид на местото на убиството, а обвинителот ја очекува кривичната пријава во текот на денот.

Инаку, полицијата го сомничи шеесет и деветгодишниот В.Г. од Гевгелија дека синоќа околу 19 часот ги убил брата си Л.Г. (71) и снаата Т.Г. (62) пред влез од куќа во Гевгелија кога со пиштол пукал во нив.

Треба да знаете
Последни објави