„Најсиправна метода за обединување на Македонците е влез во ЕУ. Да паднат границите и трите поделени дела, неправено, кога е искинато ткивото на народот на територијата што и етнички и географски е една целина, пак да бидат една целина“ рече Филип Петровски во „Само вистина“ на Канал 5.
Тој додаде дека треба да се изгласаат уставните измени, за земајва да го продолжи патот кон ЕУ.
„Ние наместо да градиме наратив да ги спојуваме трите дела, културни и ментално, не со менување граници, туку преку прием во ЕУ и обединување, ние се делиме“ рече Петровски.
Тој додаде дека по членството во ЕУ треба да се работи на докажување на културната посебност со издавање на книги, културни посети, театарски претстави и слично.