Работилница, паркинг кино и филмови во конкуренција на ИФФК „Браќа Манаки“

Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ претпладнево продолжува со презентација на кинематограферот Лоренс Шер, номиниран за Оскар, кој пред аудиториумот во Битола ќе промовира Shotdeck платформа, како и со работилница која ќе ја одржи Селин Бозон, поранешна претседателка на француското друштво на кинематографери.

Попладне во кино „Манаки“ ќе бидат емитувани филмови од студентската и документарната програма, а во НУ Центар за култура ќе бидат емитувани филмовите од кратка програма, специјална селекција и официјална селекција, кандидати за наградата „Камера 300“.

Во рамки на паркинг кино ќе биде емитуван копродукцискиот филм „Најсреќниот човек на светот“, а програмските активности ќе завршат со специјална проекција во чест на Питер Бижу, годинашен добитник на наградата златна „Камера 300“ за животен опус.

Медиумски покровител на ИФФК „Браќа Манаки“ е МИА – Медиумска информативна агенција. 

Треба да знаете
Последни објави