Најпознатата платформа за кратки видеа „ТикТок“ неодамна беше казнета со 345 милиони евра поради кршење на низа закони за приватност на ЕУ, поврзани со обработката на личните податоци на децата.
Според водечкиот регулатор во ЕУ, ирската комисија за заштита на податоци, прописите биле прекршени во втората половина на 2020 година. Претставниците на „ТикТок“ не се согласија со оваа одлука и висината на казната, но тоа не промени ништо. Ирската комисија за заштита на податоците објави дека социјалната мрежа ги објавила сметките на корисници на возраст под 16 години во 2020 година како јавни, без претходно да провери дали корисниците се родители или деца.
„ТикТок“ ги воведе промените во јануари 2021 година, но останува евидентирано дека регулативите веќе се прекршени.
Компанијата веќе најави дека дополнително ќе ги подобри сите поставки за приватност за да не бидат изложени на никаков ризик податоците за децата. ТикTок доби три месеци да ги усогласи сите правила со одлуката.