Набргу по објавувањето на филмот „Заборавајќи ја Сара Маршал“, актерката Кристен Бел им кажа на новинарите дека морала да го „заплаши“ нејзиниот колега Расел Бренд за да се увери дека тој сфатил дека таа не е заинтересирана за сексуален однос со него за време на снимањето.
Нејзините изјави од тоа време за британскиот актер и комичар повторно се појавија по обвинувањата дека силувал и сексуално нападнал голем број жени на врвот на својата слава.
Заедничката истрага на „Тајмс“, „Сандеј тајмс“ и „Канал 4 Диспече“ ги истакна приказните за четири жени – вклучително и една која во тоа време имала 16 години – кои велат дека Бренд или ги силувал или сексуално ги нападнал меѓу 2006 и 2013 година.
За време на интервјуто за шкотскиот Дејли рекорд, Бел рече дека ја знаела неговата репутација и затоа на Бренд јасно му ставила до знаење дека нема да го толерира ако се обиде нешто.
Бел рече дека првично го сметала комичарот привлечен, но ја изгубила таа привлечност кога прочитала како тој се однесувал со жените.
„Немав поим кој е тој додека не го побарав на Гугл и видов колку е малку „смрдлив“ со жените. Постојано не потсетуваше на секои 10 минути колку е познат во Британија со тоа што одеше и збореше: „Толку е чудно да не те препознаат овде “, изјави таа за Дејли Меил.