Порталот Инфомакс објави дека вечерва на нивните канали ќе следува вклучување во живо од екс премиерот во бегство во Будимпешта, Никола Груевски.
Поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски неколку денови води вистинска вербална војна со сегашниот претседател на партијата Христијан Мицкоски, па се очекува таа засилена реторика да продолжи и вечерва.
Инаку, претходно се појавија информации дека Груевски направил обид да се вклучи во живо во програмата на ТВ Алфа, но таквите наводи беа демантирани од страна на телевизијата.