Два автомобили и камион се судрија на булевар Србија

Утрово на булевар Србија во правец од Драчево до Аеродром, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале два патнички автомобили и еден камион.

Патнички автомобил марка Голф удрил и речиси влегол под камионот, по што камионот, удрил во автомобил марка Опел кој од ударот завршил на средното булеварско зеленило.

Екипи на МВР вршат увид на местото, а засега нема информации за повредени лица.

Треба да знаете
Последни објави