Судот за организиран криминал и корупција во Тирана му изрече казна затвор на поранешниот министер за животна средина Лефтер Кока во врска со обвинувањата за инсинераторот во Фиер, односно за договорот за концесија за изградба на пречистителната станица за урбан отпад и производство на енергија.
Поранешниот министер е осуден на 10 години затвор, но поради согласноста за скратен судски процес казната е намалена на 6 години и 8 месеци затвор.
Исто така донесена е одлука да се заплени имотот на Кока, поточно „ објект за продажба на алкохолни пијалаци Ѓерѓ Кастриот – Скендербег“ во Драч, во вредност од 442.972 леки, како еквивалентен имот со дел од износот за кој се товари во казниво дело.
Според обвинението Кока ги извршил кривичните дела „злоупотреба на службена положба“, извршено во соработка“, „пасивна корупција на високи државни функционери или избрани локални функционери“ и „активна корупција на високи државни функционери или локални избраници“.
Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, истрагата за инсинераторот во Фиер ја финализирана во декември 2022 година.
Кока на функцијата министер за животна средина беше во периодот 2013-2017 од редовите на Движењето за социјалистичка интеграција (ЛСИ), сега Патија на слободата на Илир Мета и беше дел од владината коалиција со социјалистите, а од 2017 до 2021 пратеник од редовите на Социјалистичката партија.
Во исто време Судот му изрече казна од 4 години на поранешниот социјалистички пратеник, Алќи Блако, кој со скратен судски процес во затвор ќе остане 2 години и 8 месеци, додека Клодијан Зото, главниот акционер на концесионерот на оваа печка е осуден на 12 години затвор, односно во ќелија ќе остане 8 години.
Кока и Блако по издржувањето на казната имаат забрана да се занимаваат со полтика во период од пет години.
Во меѓувреме, Специјалниот суд одлучи да ослободи три лица прогласувајќи ги за невини по покренатите обвиненија, додека условно се осудени уште шест лица.
СПАК вели дека за овој инсинератор биле исплатени четири милиони евра, за работа која не била извршена.