Првиот човек на Атлетико е задоволен од победата над Реал, а среќен од настапите на Феликс во Барселона

Атлетико Мадрид во градското дерби го совлада лидерот Реал Мадрид (3:1) во рамките од 6. коло во шпанската фудбалска Ла Лига и го симна од лидерската позиција каде до пред овој меч имаше пет од пет. овој триумф на го искачи Атлетико на петатат позиција со 10 бода и донесе голема радост за домашните навивачи кои го исполнија „Ванда Метрополитано“.

Првиот човек на популарните „јирганџии“, Енрико Серезо дополнително е задоволен затоа што имаат свој играч кој моментално не е во нивните редови, а сепак со настапите во Ла Лигата придонесува Барселона да го освои врвот, со погодоци и аситенции. Станува збор за Португалецот Жоао Феликс кој вториот дел од минатата сезона го мина во англискиот Челзи, а сега како позајмен во Барселона остава извонреден впечаток, што го прави среќен Серезо.

Феликс на првите мечеви од стартот на сезоната има постигнато три гола и два асистенции.

-Отсекогаш сум велел дека тој е фантастичен играч и тоа го покажува во Барселона. Кај нас не се адаптира, немаше среќа. Сепак тој е одличен играч во Барселона, порача Серезо.

Португалецот има договор со Атлетико до 2029 година, па можно е повторно да биде вратен назад во Атлетико на крајот од сезоната за да си го одработи договорот.

Треба да знаете
Последни објави