Може ќе правиме, може не, кусо коментираше градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на прашање во гостување на порталот Инфомакс, дали таа и поранешниот премиер Никола Груевски заедно ќе прават партија.
Во интервјуто, Арсовска се осврна и на нејзиниот однос со актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Многу добро се знае за што тој (Мицкоски н.з.) е способен, а за што не е способен. Способен е за напади, за навреди и закани, а не е способен да обедини и да води. Се соочуваме со личност која разединува, а не обединува и тоа е многу евидентно“ истакна Арсовска.