Двајца Срби изведени пред суд: во Приштина се одржува рочиште за нападот врз полицијата

Двајца Срби осомничени за тероризам денеска се донесени во Основниот суд во Приштина, каде што се одржува рочиште за нападот на косовската полиција во Бањска.

Б. С. и Д. М. на првото рочиште се изведени пред Специјалното одделение за учество во вооружен судир со полицијата.

Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека поднело барање за определување мерки притвор против три лица – В. Т., Б. С. и Д. М. за разни кривични дела, пишува „Н1“.

Тие се товарат за: тешки дела против уставниот поредок и безбедноста на Косово, вршење терористички дејствија, како и тешки дела против уставниот поредок и безбедноста на Косово од член 126 и сторување терористички акти.

Во понеделникот вечерта во болницата во Приштина се одржа сослушувањето на В. Т., третиот од уапсените, кој беше ранет за време на конфликтот со косовската полиција.

Поради здравствени околности, на В. Т. одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Треба да знаете
Последни објави