Платеничката група Вагнер соопшти дека продолжува со своите активности во Африка и Белорусија

Платеничката група Вагнер, чиј основач беше Евгениј Пригожин, кој загина во Русија кога се урна неговиот приватен авион, соопшти дека продолжува со своите активности во Африка и Белорусија.

Во соопштението на социјалните мрежи на компанијата Конкорд, за која се знае дека му припаѓала на Пригожин, се наведува дека платеничката група продолжува да работи во Африка и Белорусија.

Затворање на компанијата не доаѓа предвид. Командата на приватната воена компанија продолжува со извршување на сите доделени работи и раководење со фирмата“, се вели во соопштението. 

Треба да знаете
Последни објави