Голем пожар избувнал попладнево во штипскиот регион. Со огнената стихија која почнала од селото Сушево се борат 25 пожарникари од Тертиријалната Противпожарна единица во Штип. Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека на терен се со четири противпожарни возила и во моментов се кај селото Доброшани, каде спрелуваат огнот да дојде до куќите.
-Станува збор за голем пожар гори сува трева и мешана шума. Површината е голема и е неколку стотини хектари. Според моите информации колегите од Свети Николе веќе се на терен кај светиниколското село Богословец, вели Коцев.
Тој посочува дека станува збор за непристапен терен, а во овој предел можат да се движат само со џипови, теренски возила.