Проектилот што во ноември уби две лица во јужна Полска го лансира Украина, пишуваат полски медиуми

Полските експерти потврдија дека проектилот што во ноември уби две лица во јужна Полска е лансиран од Украина, пишува весникот „Ржечпосполита“ повикувајќи се на свои извори.

Ракетната експлозија во Полска, членка на НАТО, предизвика стравувања дека војната во Украина може да ескалира во поширок конфликт со активирање на клаузулата за заемна одбрана на алијансата, но во тоа време Варшава и НАТО рекоа дека веруваат дека станува збор за случаен инцидент.

„Ројтерс“ пренесува дека извори запознаени со истрагата за „Ржечпосполита“ изјавиле дека Полска утврдила оти проектилот што паднал во селото бил противвоздушен проектил S 300 5-W-55 лансиран од територијата на Украина.

„Овој проектил има дострел од 75 до 90 километри“, го цитира весникот изворот. „Во тоа време руските позиции беа на место од каде што ниту една руска ракета не можеше да стигне до Пжеводов“.

„Ржечпосполита“ објави дека украинската страна не ставила никаков материјал на располагање на полските истражители. Украина негира дека еден од нејзините проектили паднал во Полска. Развојот доаѓа во време кога односите меѓу соседна Полска и Украина стануваат напнати.

Треба да знаете
Последни објави