Едгар Паез, претседателот на колумбискиот второлигаш Тигрес, е убиен по поразот од неговиот тим во саботата, објави клубот.
Овој 63-годишен маж се враќал дома, а со него во автомобилот била и неговата ќерка. Тие се враќаа дома по поразот од Атлетико со 3-2, кога тој беше застрелан од двајца мажи на мотор во близина на стадионот, објавија медиумите.
Неговата ќерка успеала да побегне неповредена, а властите во моментов вршат истрага.
„Семејството Тигрес и спортската заедница се уништени од овој настан“, се вели во соопштението на клубот.
За Паез во следните две кола ќе се одржи едноминутно молчење.