Само преку зголемени инвестиции во зелената инфраструктура можеме да постигнеме повисоко ниво на усогласување со стандардите и регулативите на Европската Унија, изјави министерката за животна средина, Каја Шукова.
На јавниот настан на Форумот за граѓанско општество на Берлинскиот Процес за Клима и Зелена агенда кој се одржа денеска, министерката истакна дека на оваа патека се соочуваме со сериозни предизвици кои што се карактеристични за останатите земји од Западен Балкан, а тие се најчесто финансиски и административни.
– Овие предизвици се комплексни и бараат акција од сите надлежни институции. Потребата од инвестиција се огромни, ни треба многу повеќе фондови отколку што имаме, рече таа.
Според Шукова, подеднакво е важно овие процеси да го вклучуваат приватниот сектор, а постигнувањето климатска неутралност е поврзана со заштитата на биодиверзитетот и екосистемот.