Во бегалски камп во Берлин избувна заразна болест

Портпаролот на државната канцеларија за бегалци Саша Лангенбах објави дека во зградата на бегалскиот центар во кварт во Берлин се појавиле мали сипаници. Во карантин моментално се 600 лица, а на станарите им е забрането да ја напуштаат зградата.

Државниот завод за бегалци во моментов проверува кој е вакциниран, а кој не.

На две деца им е дијагностицирана сипаница. Поради ова, воведен е карантин и луѓето во центарот имаат ограничена слобода на движење.

Малите сипаници се заразна болест, a главните симптоми се треска, кашлица и осип кој се шири од главата до краевите на телото.

Треба да знаете
Последни објави