Најтрофејниот италијански фудбалски клуб Јувентус во првиот натпреавр од 6. коло во Серија А го совлада Лече (1:0). Ова беше прв пораз сезонава за тимот на Лече оваа сезона.
Тренерот на „старата дама“ Масимилијано Алегри реши за овој меч да го остави Душан Влаховиќ на клупата, а на негово место во нападот се најде Аркадиуш Милик и тоа се покажа како вистински потег. Во 57. минута Милик се најде на вистинското место и погоди за водство на Јувентус од 1:0, што на крајот беше и конечен резултат. Со овој триумф Јувентус малку ги „залечи раните“ од поразот од Сасуоло (4:2) и времено се врати на втората позиција на табелата со тринаесет бодови.
За Лече овој пораз значеше крај на серијата без пораз што им е најдобриот старт во Серија А во нивната историја.