Јапонската компанија Тојота планира тројно да го зголеми производството на електрични возила (EV) следната година. Според првичните планови, Тојота планираше да произведе 190.000 електрични возила во 2024 година, а сега тој број се зголеми на 600.000.
Тојота долго време е скептичен за масовното производство на целосно електрични автомобили, потпирајќи се на хибриди, а нејзиниот хибриден автомобил Toyota Prius некогаш беше многу популарен на светскиот пазар.
Поради зголемената продажба на електрични автомобили од други компании, менаџментот на Тојота го промени својот став и на крајот на 2021 година презентираше стратешки план за развој на електрични возила со инвестиции од 70 милијарди долари.
Во 2022 година Тојота продаде 24.000 електрични возила, а се очекува да продаде 150.000 ЕВ до крајот на 2023 година и 600.000 ЕВ во 2024 година. Јапонската компанија веќе претстави прототипови на целосно нови модели на електрични возила во SUV сегментот, како и кросовер и седан