Бујната биста ја засени модната писта: Селена Гомез ги покажа во Париз убиствените облини

Многумина не сакаа да ја пропуштат Модната недела во Париз, а меѓу нив е и пејачката Селена Гомез. Музичарката се потрудила околу својот убиствен стајлинг кога пристигна на вечера во луксузниот Royal Monceau. Таа ги привлече сите погледи со црниот костум кој го истакна нејзиното смело деколте.

Таа присуствуваше и на фудбалскиот натпревар помеѓу Пари Сен Жермен и Олимпик од Марсеј на стадионот „Паркот на принцовите“ со нејзината пријателка Никола Пелц и нејзиниот сопруг Бруклин Бекам. Подоцна била видена како се држи за рака со мистериозен маж.

Иако нејзиниот љубовен живот ја интригира јавноста, Селена неодамна се пошегува на сметка на нејзиниот љубовен статус на TikTok. „Погодете кој има момче? Не јас, кучко! Сите сте безбедни”, пишува во хумористичното видео.

Треба да знаете
Последни објави