Косовскиот премиер Албин Курти на платформата Х објави список со целото оружје што е запленето на северот, како и неколку слики од него. Курти нагласи дека Србија треба да сноси целосна одговорност за нападите врз косовската полиција на северот на земјата.
„Ова воено оружје и опрема, заробени во антитерористичката операција на косовската полиција по нападот во неделата, не остава простор за сомнеж: сторителите на злосторството не дејствувале сами, туку со поддршка од државата“, вели Курти и додава: „Србија мора да биде целосно одговорна за помагање на терористичкото насилство на територијата на Република Косово“.
Да потсетиме, полицаецот Африм Буњаку беше убиен во нападите врз косовската полиција на северот од земјата во неделата. Во нападите се ранети уште тројца полицајци, од кои едниот со огнено оружје.
Во нападот врз косовската полиција настрадаа тројца Срби.