Морати опериран, состојбата стабилна

Почесниот претседател на италијанскиот фудбалски гигант Интер, Масимо Морати, е во стабилна состојба, откако денеска му беше извршена ангиопластика, процедура која се изведува за да се третира затнат крвен сад или артерија.

Операцијата беше однапред закажана, а докторите од болницата „Галеаци“ во Милано објавија дека здравствената состојба на Морати е стабилна.

Морати, кој во мај го прослави својот 78. роденден, долги години беше на чело на Интер пред да го продаде клубот во 2016 година.

Дресот на Интер, во ерата на Морати, го носеа голем број фудбалски ѕвезди, вклучувајќи ги Златан Ибрахимовиќ, Ернан Креспо, Роберто Баџо, Луис Фиго, Роберто Карлос и Кристијано Виери.

Најголемиот успех како претседател на Интер го доживеа во 2010 година, кога предводен од португалскиот стратег Жозе Мурињо тимот во кој настапуваше и Горан Пандев ја освои титулата во Лигата на шампиони.

Семејното богатство Морати го стекна со проширување на бизнисот на неговиот татко, Анџело Морати, кој во 1962 година ја основа компанијата „Сарас“ за експлоатација на нафта и гас. 

Треба да знаете
Последни објави