Освен што Владата денеска донесе одлука за намалување на цените на дел од пијалоците за 10 отсто во однос на изложената цена која биле важечка на 19 септември 2023 година, донесена е и одлука и за утврдување на највисока трговска маржа за зеленчукот и овошјето, соопшти премиерот Димитар Ковачевски.
„На денешната седница донесовме Одлука и за определување највисока трговска маржа за овожје и зелечнук. Највисоката трговска маржа за овошјето и зеленчукот за сите кои учествуваат во трговијата на големо се утврдуваат во вкупен износ до 10 проценти, а во трговијата на мало, се утврдуваат во вкупен износ од 15 проценти. Со ова очекуваме цената на зеленчукот и овошјето да се намали за околу 30 проценти. Овие цени стапуваат на сила од утре“ изјави денеска премиерот Ковачевски, најавувајќи дека ќе се намалат царинските стапки за свеж зеленчук и јужно овошје.