Скопјанец осомничен дека тешко телесно повредил сосед при расправија

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен скопјанец за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 од Кривичниот законик.

На 24 септември, во скопската населба Илинден, осомничениот со умисла тешко телесно повредил сосед при расправија поради претходно нерасчистени меѓусебни односи. Тој со метален чекан го удрил оштетениот 49-годишник во главата, нанесувајќи му повреди – фрактури со кои му бил доведен во опасност животот.

Јавниот обвинител му предложи на судот да определи мерки на претпазливост за осомниченото лице – забрана за напуштање на живеалиште, одземање патна исправа, обврска за јавување кај службено лице во судот и забрана за приближување и воспоставување контакт со оштетениот.​

Треба да знаете
Последни објави