Шведска прогласена за најдобра земја за живеење

Шведска е најдобрата за живеење – според многу важни критериуми.

„Ју-ес њуз“ и „Ворлд репорт“ неодамна објавија листа на најдобрите земји во светот врз основа на квалитетот на животот. За рангирање на 87 земји, во соработка со школата „Вартон“ и Универзитетот во Пенсилванија, тие анкетираа повеќе од 17.000 луѓе од целиот свет.

Најдобрите земји за квалитетен живот беа оценети според следните показатели: пристапност, пазар на труд, економска стабилност, еднаквост на приходите, политичка стабилност, безбедност, развој на јавното здравство и системот на јавното образование, приврзаност кон семејството.

На прво место најдобра земја за живеење е Шведска, земја во која трошоците за живот се во просек 20,9 отсто пониски отколку во САД, а изнајмувањето стан е 57,5 ​​отсто поевтино.

Шведска е позната по бесплатната здравствена заштита, како и универзитетското образование, пишуваат „Ју-ес њуз“ и „Ворлд репорт“. Швеѓаните може да се пофалат и со еден од најдолгите животни векови, со просечна возраст од 82,8 години.

Родителите во Шведска имаат право на 480 дена платено отсуство кога добиваат дете или по посвојување.

10 најдобри земји во светот за квалитетен живот
1. Шведска

2. Норвешка

3. Канада

4. Данска

5. Финска

6. Швајцарија

7. Холандија

8. Австралија

9. Германија

10. Нов Зеланд

Треба да знаете
Последни објави