Српскиот претседател, Александар Вучиќ, вечерва на РТС порача дека во Србија е прогласен ден на жалост за сите загинати во настаните во Бањска и ги коментираше изјавите на албанскиот премиер Еди Рама за ситуацијата во Косово.
-Србија го одреди Денот на жалост поради трагични настани, поради смртта на сите луѓе. Од гледна точка на Уставот, сите се граѓани на нашата држава. Србија има ден на жалост за тројцата убиени Срби и за убиениот полицаец. Тоа е цивилизирана, сериозна и одговорна одлука. Еди Рама не ја кажува вистината. Точно е дека српските општини на северот на Косово и Метохија прогласија ден на жалост за убиените Срби. Прогласивме ден на жалост поради сите настани и сите загинати луѓе. Не е првпат да не ја кажува вистината, рече Вучиќ.
Премиерот на Албанија, Рама денеска ја повика Европската унија да излезе со уште една изјава и да го осуди денот на жалост кој Србија го објави поради трагичните настани во Косово или „нема да биде на иста линија со неа“.