Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со британскиот амбасадор, Н.Е. Метју Лосон.
Поддршката од Обединетото Кралство за реализација на стратешките цели како што е полноправното членство во ЕУ ќе продолжи и во наредниот период.
На средбата се разговараше за актуелните случувања, уставните измени, Законот за амнестија,новиот Кривичен законик кој треба да биде донесен, реформите во правосудството и предизвиците со кои ќе се соочуваме во периодот кој претстои.