Вооружен напад се случил доцна синоќа, некаде после полноќ, во скопската населба Ѓорче Петров.
Како што дознаваме едно лице било нападното пред влезот на својата зграда. Откако првиот куршум не го погодил, нападнатото лице почнало да бега по околните паркинзи.
Напаѓачот тргнал по него испукувајќи уште неколку куршуми од кои едниот го погодил, по што напаѓачот заедно со уште едно лице се дале во бегство, раскажуваат за 24инфо.мк сведоци на нападот.
Екипи на МВР до рано утрово вршеле увид на местото, а подетални информации од полицијата очекуваме во текот на денот.