Светскиот интернет пребарувач „Гугл“ слави 25 години од своето постоење

Светскиот пребарувач Гугл денеска го слави својот 25-ти роденден, а компанијата реши овој важен ден да го прослави со специјални анимации и потсетувања на минатото. Почетоците на Google се поврзани со двајца студенти од Универзитетот Стенфорд кои дошле до идеја да создадат интернет пребарувач кој ќе организира и рангира веб-страници, пренесува Ројтерс. Првично наречен BackRab, овој стартап прерасна во една од највредните и највлијателните компании на глобално ниво, Google, а неговите соосновачи Лари Пејџ и Сергеј Брин се меѓу најбогатите луѓе во светот денес.

Како што објави порталот Yahoo News, Google регистрира околу 99.000 пребарувања во секунда секоја секунда, и 8,5 милијарди пребарувања на дневна основа. Влијанието на Google се протега надвор од неговиот пребарувач, бидејќи неговите производи како YouTube, Android, Gmail и Google Maps станаа составен дел од секојдневниот живот на милијарди луѓе ширум светот, пренесува Business Today.

Следниот голем пробив дојде во 2004 година кога Google објави дека Gmail ќе понуди неверојатен капацитет од 1 гигабајт, а компанијата излезе на берза истата година. Во 2005 година Google го купи оперативниот систем Андроид, една година подоцна популарната платформа YouTube, а неколку години подоцна и прелистувачот „Chrome“. Извршниот директор на Google, Сундар Пичаи, ги сподели своите идеи за иднината претходно овој месец и изјави дека вештачката интелигенција (ВИ) претставува голем потенцијал за развој на компанијата

Треба да знаете
Последни објави