Словенија воведува полициски контролни пунктови во близина на границата со Хрватска

Словенија одлучи да постави полициски контролни пунктови на својата територија во непосредна близина на граничните премини, вклучително и на границата со Хрватска.

Шенгенскиот режим останува на сила и ќе може да се поминува преку поранешните гранични премини без никаква контрола, но на територијата на Словенија ќе има полициски контролни пунктови каде полицијата ќе застанува и ќе проверува поединечни возила.

Како што неофицијално дознава порталот 24ур, Словенија ќе воведе полициски пунктови поради илегалната миграција по примерот на Италија. Полицијата веднаш по граничните премини би требало да постави контролни пунктови, каде што ќе може безбедно да запира возила.

Словенечката влада неодамна објави дека не размислува за воведување гранични контроли со Хрватска и покрај големиот пораст на илегалниот влез на мигранти. Ова пред само осум часа го изјави словенечкиот државен секретар во Министерството за надворешни работи, Марко Штучин.

Треба да знаете
Последни објави