Сметам дека економските мерки во овој период се носат соодветно. Не можете да скротите нешто во кое што инфлацијата е увезена. Ние бевме на ниво од 18.9 отсто минатата година во октомври. За една година ја намаливме инфлацијата двојно. Сега сме на ниво на инфлација под 8 отсто- изјави во интервјуто за Глас на Америка вицепремиерот Фатмир Битиќи.
Според него, Владата не ги сака да ги наруши начелата на пазарната економија, но кога тоа е нужно затоа што во начелата на пазарната економија тие кои што се чинители, а тоа се стопанствениците ќе почнат да се однесуваат неетички и неморално, во немање на можности за фер плеј и практика за казнивоста да биде поголема, Владата мора да излезе од начелата на пазарната економија и да воведе дополнителни мерки.