Македонскиот ракометен првак Еурофарма Пелистер е поразен и во 3. коло од групата А во Лигата на шампионите од германскиот Кил (20:23). Бундеслигашот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола добро се испот за да ги освои планираните бодови.
Актуелниот македонски шампион не се посрамоти пред своите навивачи, по стартното водство од 1:0, во текот на првото полувреме неколку пати израмнуваше (2:2, 3:3, 6:6) против фаворитот на овој дуел. Највисоката предност на гостите во првите 30 минути изнесуваше „плус три“ (7:10), а на паузата заминаа со позитива од 9:11.
Во вториот дел Еруфарм Пелистер доаѓаше до израмнување(16:16, 17:17, 18:18, 19:19), но не направи и пресврт. Кил направи серија од три голови (19:22) во 52 минута кој беше решавачка за конечниот исход.
Најефикасни во редовите на Еурофарм Пелистер беа Радивојевиќ со пет голови, четири запиша Цехте. На спротивната страна Екберг и Елефсен имаа по пет голови.
На табелата води Кил со шест бодови, пред Алборг, ПСЖ и Кјелце по четири, по два имаат Колстад и Пик Сегед, а ППД Загреб и Еурофарм Пелистер се без бодови. Третото коло ќе биде комплетирано в четврток со натпреварот ППД Загреб – Колстад.
Во 4. коло Еурофарм Пелистер на 12 октомври ќе му гостуваат на францускиот ПСЖ.