Летонија одби да игра со руските фудбалски тимови

Летонските репрезентации одбија да се натпреваруваат против руски тимови на меѓународни турнири, објавено е на веб-страницата на Летонската фудбалска федерација (ЛФФ).

-ЛФФ потврдува дека летонските фудбалски тимови на сите нивоа нема да играат против руски тимови, без оглед на местото и формата на претставување на руските спортисти, се вели во соопштението на организацијата.

Европското првенство за фудбалери до 17 години ќе се одржи од 20 мај до 5 јуни 2024 година на Кипар. 

Претходно натпревари со Русија на на првенството одбија и екипите на Украина и Полска.

Вчера, УЕФА ја врати Русија на младинските турнири без употреба на химна, знаме и да играат на неутрална територија. 

На 17 септември, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, рече дека руските клубови и репрезентации ќе се вратат во натпреварувањата дури по завршувањето на конфликтот со Украина.

Треба да знаете
Последни објави